Хаос пред финалето на Евровизија! Холанѓанецот не излегол на сцената, организаторите го казнија: „Тој е под истрага“

Холандскиот претставник на Евровизија, Јост Клајн , денеска требаше да настапи на петтата проба, но не се појави.

ЕБУ го најави неговото отсуство.

– Во моментов истражуваме инцидент што ни беше пријавен, а во кој е вмешан холандски изведувач. Нема да има проби. Засега немаме други коментари – велат тие.

Јост заедно со уште девет финалисти од второто полуфинале присуствуваше на прес-конференцијата. Тој седеше до Израелката и цело време ја криеше главата под знамето на својата земја. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.

Потоа била прашана од новинарот дали чувствува дека носи ризик и опасност за другите натпреварувачи, на што тој и кажа дека не мора да одговара. Јост рекол: “Зошто не?”