Зголемен бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е зголемен за 0.5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи опаѓање од 3.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.8 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %.