Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација во домовите на високи функционери на Хамас во луксузната населба Римал во Газа и пронајдоа околу 35 тунели и големо количество оружје , изјави денеска портпаролот на ИД.
– Борбените единици на Падобранската бригада, заедно со оклопниот корпус на ИД, борбениот инженерски корпус и воздухопловните сили, беа ангажирани во лоцирање на терористите на Хамас во населбите Шеик Ејалин и Римал – рече портпаролот, според Тајмс оф Израел.
Според него, за време на маневрите , израелските сили откриле околу 35 бунари во тунели, пронашле разни видови оружје и ги елиминирале борците на Хамас. Израелските сили, исто така, извршија рација во воен камп на Хамас и открија складишта за муниција и седум ракетни фрлачи.
ИД вели дека Римал е една од најлуксузните населби во Газа, каде што живеат многу претставници на Хамас.
Хамас за своите воени операции користи и цивилни области во таа област, а во соседството има и воени објекти и милитантни групи и владини згради, се додава во соопштението на израелските сили.