Израелските сили упаднале во домовите на високи функционери на Хамас: Се водат тешки улични борби, две населби на мета, откриени многу работи! (ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација во домовите на високи функционери на Хамас во луксузната населба Римал во Газа и пронајдоа околу 35 тунели и големо количество оружје , изјави денеска портпаролот на ИД. 

– Борбените единици на Падобранската бригада, заедно со оклопниот корпус на ИД, борбениот инженерски корпус и воздухопловните сили, беа ангажирани во лоцирање на терористите на Хамас во населбите Шеик Ејалин и Римал – рече портпаролот, според Тајмс оф Израел.

Според него, за време на маневрите , израелските сили откриле околу 35 бунари во тунели, пронашле разни видови оружје и ги елиминирале борците на Хамас. Израелските сили, исто така, извршија рација во воен камп на Хамас и открија складишта за муниција и седум ракетни фрлачи.

ИД вели дека Римал е една од најлуксузните населби во Газа, каде што живеат многу претставници на Хамас. 

Хамас за своите воени операции користи и цивилни области во таа област, а во соседството има и воени објекти и милитантни групи и владини згради, се додава во соопштението на израелските сили.