Промената на вашата исхрана, како што е додавањето повеќе влакна и хидрираноста, може да има позитивен ефект врз вашето варење.
Многу луѓе имаат проблеми со варењето , не знаејќи дека можат многу да си помогнат, доколку внесат мали промени кога е исхраната во прашање.
Кога нашиот интестинален систем не е во рамнотежа, може да се појават дигестивни нарушувања, запек, надуеност и гасови , што секако не влијае позитивно на секојдневниот живот и доброто расположение – истакнува нутриционистката Ивана Мишиќ и открива како да им помогнеме на нашите црева (и варење) да биде во рамнотежа .
Јадете повеќе влакна:
Зголемете го внесот на овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна. Влакната помагаат во регулирањето на варењето и поттикнуваат редовно празнење на дебелото црево.
Останете хидрирани:
Водата е клучна за помека столица и полесно празнење на дебелото црево. Пијте доволно течности во текот на денот.
Вклучете пробиотици:
Јогуртот, кефирот и ферментираната храна како кисела зелка можат да помогнат во обновувањето на здравата цревна флора.
Избегнувајте преработена храна:
Намалете го внесот на храна која може да ги влоши симптомите, како што се пржена храна, рафиниран шеќер и високо преработена храна.
Јадете редовно и полека:
Воспоставете редовни оброци и јадете полека, дозволувајќи храната да се вари правилно.