Имате лошо варење и запек? Применете ги овие 5 клучни работи – тоа ќе ви го промени животот!

Промената на вашата исхрана, како што е додавањето повеќе влакна и хидрираноста, може да има позитивен ефект врз вашето варење.

Многу луѓе имаат проблеми со варењето , не знаејќи дека можат многу да си помогнат, доколку внесат мали промени кога е исхраната во прашање. 

 Кога нашиот интестинален систем не е во рамнотежа, може да се појават дигестивни нарушувања, запек, надуеност и гасови , што секако не влијае позитивно на секојдневниот живот и доброто расположение – истакнува нутриционистката Ивана Мишиќ и открива како да им помогнеме на нашите црева (и варење) да биде во рамнотежа .

Јадете повеќе влакна:

Зголемете го внесот на овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна. Влакната помагаат во регулирањето на варењето и поттикнуваат редовно празнење на дебелото црево.

Останете хидрирани:

Водата е клучна за помека столица и полесно празнење на дебелото црево. Пијте доволно течности во текот на денот.

Вклучете пробиотици:

Јогуртот, кефирот и ферментираната храна како кисела зелка можат да помогнат во обновувањето на здравата цревна флора.

Избегнувајте преработена храна:

Намалете го внесот на храна која може да ги влоши симптомите, како што се пржена храна, рафиниран шеќер и високо преработена храна.

Јадете редовно и полека:

Воспоставете редовни оброци и јадете полека, дозволувајќи храната да се вари правилно.