Индонезискиот вулкан Мерапи продолжува да исфрла лава

Вулканот Мерапи еруптираше на 11 март, а Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи издаде предупредување до граѓаните да ги запрат сите активности во опасните зони.

Мерапи, најактивниот вулкан во Индонезија, продолжи да исфрла лава која тече неколку километри.

Вулканот Мерапи еруптираше на 11 март, а Индонезиската државна агенција за справување со катастрофи издаде предупредување до граѓаните да ги запрат сите активности во опасните зони, во радиус од 3 до 7 километри од кратерот.

Околу вулканската планина висока 2.968 метри живеат околу 250.000 луѓе.

Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на древниот град Јогјакарта. Мерапи е најактивниот меѓу десетината индонезиски вулкани и во последно време повеќепати еруптираше.

Во ерупцијата на Мерапи во 2010 година животот го загубија 347 лица.