Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) во Стразбур на 20 октомври 2025 година ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд, велат од Комисија за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Стразбур.
По состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.
Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, се додава во соопштението.