back to top
11.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи на англиски и француски јазик

Други наслови

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) во Стразбур на 20 октомври 2025 година ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд, велат од Комисија за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Стразбур.

По состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.

Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, се додава во соопштението.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести