Хамнеи рече дека Иран ќе продолжи да му дава политичка и морална поддршка на Хамас
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска на палестинската група Хамас дека Иран нема да влезе во војна против Израел во име на Хамас.
– Не предупредивте за вашиот напад на Израел на 7 октомври и нема да војуваме во ваше име – рече Хамнеи, пренесе Ројтерс.
Хамнеи рече дека Иран ќе продолжи да му дава политичка и морална поддршка на Хамас, но нема директно да интервенира.