ИРАН ГИ ОСТАВИ ПАЛЕСТИНЦИТЕ ВО ОПАСНОСТ – Ајатолахот Хамнеи: „Иран нема да влезе во војна против Израел“

Хамнеи рече дека Иран ќе продолжи да му дава политичка и морална поддршка на Хамас
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска на палестинската група Хамас дека Иран нема да влезе во војна против Израел во име на Хамас.

– Не предупредивте за вашиот напад на Израел на 7 октомври и нема да војуваме во ваше име – рече Хамнеи, пренесе Ројтерс.    

Хамнеи рече дека Иран ќе продолжи да му дава политичка и морална поддршка на Хамас, но нема директно да интервенира.