Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а во наредните денови можни се рекордни вредности на температурата, бидејќи се очекува да надмине 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Италија, Хрватска и Турција, европски пишуваат европските медиуми.
Во Италија температурите би можеле да достигнат до 48,8 степени, а во десет италијански градови, меѓу кои Фиренца и Рим, е издаден црвен метеоролошки аларм.
На северот на Италија веќе е регистрирана една жртва на топлотниот бран.
Се работи за четириесетгодишен работник кој од жештината колабирал додека бојадисувал пешачки премин, а починал во болница.
Би-Би-Си наведува дека овој топлотен бран го добил името „Кербер“ од Италијанското метеоролошко друштво, по митското чудовиште со три глави спомнато во „Пеколот“ на Данте.