ИТАЛИЈАНЕЦ (40) ПОЧИНА ФАРБАЈЌИ „ПЕШАЧКИ ПРЕМИН“! Првата жртва на „троглавата ѕвер“ од Пеколот на Данте која ја запали Европа (ФОТО)

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а во наредните денови можни се рекордни вредности на температурата, бидејќи се очекува да надмине 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Италија, Хрватска и Турција, европски пишуваат европските медиуми.

Во Италија температурите би можеле да достигнат до 48,8 степени, а во десет италијански градови, меѓу кои Фиренца и Рим, е издаден црвен метеоролошки аларм.

На северот на Италија веќе е регистрирана една жртва на топлотниот бран.

Се работи за четириесетгодишен работник кој од жештината колабирал додека бојадисувал пешачки премин, а починал во болница.

Би-Би-Си наведува дека овој топлотен бран го добил името „Кербер“ од Италијанското метеоролошко друштво, по митското чудовиште со три глави спомнато во „Пеколот“ на Данте.