Психолог открива како да откриете дали вашиот партнер/ка ве изневерува: Овие знаци речиси никој не може да ги сокрие, а една работа е клучна

Жените обично се потпираат на интуицијата кога се сомневаат дека нивниот партнер е неверен. Мажите, од друга страна, повеќе се потпираат на поконкретни знаци на прељуба. Истражувањата покажуваат дека најголем број на неверства се случуваат на работното место, а ова важи за двата пола.

Постојат некои знаци кои според психолозите најчесто укажуваат на личност која изневерува. Рускиот психолог Маргарита Алексеева истакнува дека при изневерување, и мажите и жените, по правило, значително го менуваат своето вообичаено однесување. Ова не се однесува само на тоа дека наеднаш имаат помалку време, туку на суптилни знаци…

Според неа, изневерувањето може да предизвика жената да се чувствува виновна. Поради ова, таа ќе стане погрижлива и ќе реагира повпечатливо на настаните во семејството. Притоа, одвреме-навреме ќе се случи да се исклучи од разговорот, да размисли и да залута…

Исто така, жената која го изневерува сопругот, дечкото, партнерот воопшто, најверојатно драматично ќе го промени својот изглед. На пример, таа ќе почне да користи попривлечна шминка, ќе се облекува попровокативно и ќе носи позаводлива долна облека.

Друг знак на прељуба што се манифестира кај жената е тоа што таа се однесува целосно рамнодушно, па дури и опуштено за работи кои обично предизвикуваат бурни реакции кај неа. Ова обично се случува кога прељубата веќе отишла многу далеку, а жената нема идеја што и се случува, а тој нема сила или мотивација да ја реши ситуацијата или да направи избор. Што и да се случи, ќе се случи – тоа е обично ставот што го има во оваа фаза“, објаснува Маргарита Алексеева.