Погледнете како омилената водителка на Вучиќ зборува за масакрот: „Па камо среќа Коста да ја гледал Задруга!“

Малолетникот, потсетуваме, уби осум соученици и еден обезбедувач, а рани уште седум лица.

Српската водителка Јована Јеремиќ уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите контроверзни изјави. Овој пат таа го кажа своето мислење за поврзаноста на реалити програмата со масовното убиство што го изврши 13-годишниот Коста К. во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“. Малолетникот, потсетуваме, уби осум соученици и еден обезбедувач, а рани уште седум лица.

 Тврдам и стојам зад тоа со моето име и презиме, дека ова дете за жал воопшто не гледало телевизија. За среќа, да ја гледал Задругата, ќе видел дека на првиот знак на насилство, нашиот голем шеф дејствува жестоко ги казнува насилниците. И некои кандидати беа дисквалификувани, изјави омилената водителка на Вучиќ.

Истите тврдења ги кажа ден претходно во емисијата Прес Претрес бидејќи смета дека е многу важно да се заштити реалити програмата од дополнителни судови и предрасуди.