За ужина, покрај овошјето (или замрзнатото овошје), овошниот јогурт често може да се конзумира како брза, нутритивно вредна закуска. На пазарот можете да најдете јогурт кој содржи помалку овошје и повеќе шеќер. Како таков не е најдобриот предлог за ужина.
– Често си правам овошен јогурт и најчесто ја следам сезоната. Овошјето можете да го користите по сопствена желба и вкус, а можете да комбинирате и овошја во разни бои – вели Јасна Вујичиќ, виш диететичар-нутриционист.
Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти. Калоричната вредност е околу 214 kcal.
Неопходно е
* околу 80 гр замрзнато овошје, црвена мешавина (уште подобро ако имате свежи јагоди, малини, капини, боровинки…)
* половина банана (околу 100 g)
* 200 мл јогурт
Подготовка
Измешајте сè и изблендирајте. Истурете во чаша и испијте. За сето ова не ви треба повеќе од една минута.