Како да направите домашен овошен јогурт: Со овие 3 состојки за 1 минута ќе добиете вистинско слатко задоволство

За ужина, покрај овошјето (или замрзнатото овошје), овошниот јогурт често може да се конзумира како брза, нутритивно вредна закуска. На пазарот можете да најдете јогурт кој содржи помалку овошје и повеќе шеќер. Како таков не е најдобриот предлог за ужина.

– Често си правам овошен јогурт и најчесто ја следам сезоната. Овошјето можете да го користите по сопствена желба и вкус, а можете да комбинирате и овошја во разни бои – вели Јасна Вујичиќ, виш диететичар-нутриционист.

Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти. Калоричната вредност е околу 214 kcal.

Неопходно е

* околу 80 гр замрзнато овошје, црвена мешавина (уште подобро ако имате свежи јагоди, малини, капини, боровинки…)

* половина банана (околу 100 g)

* 200 мл јогурт

Подготовка

Измешајте сè и изблендирајте. Истурете во чаша и испијте. За сето ова не ви треба повеќе од една минута.