Јелена Карлеуша долги 11 години го одложува објавувањето на нејзиниот нов албум, на што многу нејзини обожаватели негодуваа. Атрактивната музичка ѕвезда последниот албум „Дива“ го објави во 2012 година, а оттогаш, изгледа, се посвети на други работи, иако секој викенд настапува пред преполните клубови низ Европа.
Нејзините обожаватели секојдневно се на социјалните мрежи и ја потсетуваат дека треба да објави нешто, за што изгледа конечно дојде моментот.
Пејачката го најави својот единаесетти студиски албум, кој треба да излезе на 13 август, а неговата кампања е во тек.
Карлеуша освен што ги избриша сите фотографии од Инстаграм, утрово насекаде низ главниот град на Србија се појавија билборди со нејзиниот лик и датумот на издавање на албумот. Она што ги шокираше минувачите беше нејзиниот стајлинг каде пејачката носеше огромни штикли, рогови и долг неонски зелен фустан, кој повеќе откриваше отколку што покриваше.