КАРЛЕУША ОСАМНА НА БИЛБОДИТЕ ВО СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА: ОГРОМНИ штикли, рогови на главата, минувачите во ШОК!

Јелена Карлеуша долги 11 години го одложува објавувањето на нејзиниот нов албум, на што многу нејзини обожаватели негодуваа. Атрактивната музичка ѕвезда последниот албум „Дива“ го објави во 2012 година, а оттогаш, изгледа, се посвети на други работи, иако секој викенд настапува пред преполните клубови низ Европа.

Јелена Карлеуша

Нејзините обожаватели секојдневно се на социјалните мрежи и ја потсетуваат дека треба да објави нешто, за што изгледа конечно дојде моментот.

Пејачката го најави својот единаесетти студиски албум, кој треба да излезе на 13 август, а неговата кампања е во тек.

Јелена Карлеуша

Карлеуша освен што ги избриша сите фотографии од Инстаграм, утрово насекаде низ главниот град на Србија се појавија билборди со нејзиниот лик и датумот на издавање на албумот. Она што ги шокираше минувачите беше нејзиниот стајлинг каде пејачката носеше огромни штикли, рогови и долг неонски зелен фустан, кој повеќе откриваше отколку што покриваше.