Силен земјотрес во Мексико: Пукаше стакло од прозорците, се лулаа лустери

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Мексико.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како од јачината на потресот пукало стаклото на прозорците.

– Се чувствував чудно кога земјата почна да се тресе, прозорците се скршија – стои во описот на објавата на платформата „Х“ (поранешен Твитер)

Второто видео е снимено во кафуле во Мексико, а на него се гледа како се лулаат лустерите.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Куалута на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.