Купер: Србија затвора врата за членство во ЕУ со противењето Охридскиот договор да биде дел од поглавје 35

Со противењето на Охридскиот договор и неговиот анекс да станат дел од преговарачкото поглавје 35 за влез во ЕУ, Србија ја затвора вратата за членство во Европската унија, изјави поранешниот посредник во техничкиот дијалог меѓу Косово и Србија во 2011-2012, Роберт Купер.

Со ваквиот став, пензионираниот британски дипломат реагираше на тврдењето на српскиот претседател Александар Вучиќ дека вклучувањето на документите договорени од Косово и Србија во првата половина на 2023 година во преговарачката рамка би значело дека ЕУ ја затвора вратата за Србија.