Димитриј Песков со остра порака до сите во светот: “Никој не може да им се заканува на Русите, ќе се одмаздиме!“

Русија ќе ги казни украинските политичари кои повикуваат на убивање на Русите, никој не може да им се заканува на Русите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува новинарот Павел Зарубин со објава на социјалната мрежа Телеграм.

Претходно, првиот човек на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов и други украински функционери буквално и јавно повикаа на „убивање на Русите секогаш и секаде“, поттикнувајќи русофобија и етничко насилство.

Пред се, би било добро западот некако да реагира на овие изјави“, посочил Димитриј Песков и додава: „Парламентите на западните земји треба да знаат на кого испраќаат помош. Тие испраќаат помош до самопрогласените убијци, до луѓето кои јавно кажуваат дека сакаат да убијат“.

Ова го велат нашите непријатели. Мораме да се бориме против нив. Никој не може да им се заканува на Русите со убиство. Русија мора да ги казни таквите изјави. Ние ќе го сториме тоа“, нагласува тој.

Кирил Буданов потврди дека Украина стои зад нападите на разни јавни личности на Русија, навестувајќи дека е можно во иднина да има слични напади. Коментирајќи го убиството на Дарја Дугина, тој кажа: „Убивме и ќе убиеме Руси каде било во светот се додека Украина не победи целосно“.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак неколку пати си дозволи јавно да ја изрази својата омраза кон Русите. „Украинците ги мразат Русите, а ние ќе ве гониме секогаш и секаде“, напиша тој претходно во објава на социјалната мрежа Твитер.

Меѓународната заедница досега не одговори адекватно на повиците за убивање.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик, реагирајќи на изјавите на Кирил Буданов, ги повика двете страни само да се воздржат од реторика која „го разгорува огнот“.