ВМРО-ДПМНЕ: Манифестот не ни е доставен, ќе го разгледаме доколку има нешто суштинско

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владејачката коалиција „седна и напиша две страни, смисли име, го нарече Манифест и без никаква консултација преку соопштение го испрати до медиумите, повикувајќи ги сите заинтересирани да го прифатат“. .

Од таму потенцираат дека не го добиле манифестот но откако ќе го добијат, доколку има нешто суштинско за разгледување, партиските органи ќе го разгледаат и ќе се изјаснат.

Политичките партии од владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ предложија потпишување заеднички манифест преку кој ќе се даде поддршка за развој на преговорите за полноправно членство во ЕУ и преку кој се упатува повик за обединување на сите политички партии, повикувајќи се на поддршката за уставните измени од ВМРО-ДПМНЕ, која и натаму инсистира дека нема да гласа за нив.