Норвешката Влада информираше дека 12 министерства, кои биле изложени на кибернапади, поради преземените безбедносни мерки немале пристап до електронската пошта ниту други мобилни сервиси.
Владата на Норвешка соопшти дека е извршен кибернапад врз 12 министерства во земјата, јавува Анадолу.
Од норвешката Влада е наведено дека 12 министерства, кои биле изложени на кибернапади, поради преземените безбедносни мерки немале пристап до електронската пошта ниту други мобилни сервиси.
Сигбјорн Ѓелсвик, министер за локална самоуправа и регионален развој, рече дека тие „сериозно ги сфаќаат кибернападите“.
Ѓелсвик изјави дека Единицата за безбедност и услуги (ДСС) на Владата на Норвешка будно ја следи ситуацијата и презема мерки.
Претседателот на ДСС, Ерик Хоуп, рече дека „премногу е рано да се зборува за тоа кој стои зад нападот и за неговиот обем“.