Во писмото до претседателот на Кина, Си Џинпинг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ветил дека ќе промовира соработка, објави во неделата севернокорејскиот државен медиум KCNA.
Писмото е одговор на честитките што Си Џинпинг ги упати по повод 75-годишнината од основањето на Северна Кореја, во која претседателот изрази подготвеност да ја зајакне стратешката комуникација и работната соработка.
„Верувам дека односите на пријателство и соработка меѓу Демократската Народна Република Кореја (ДНРК) и Кина стабилно ќе се развиваат во согласност со барањата на новата ера и желбите на двата народа во иднина“, напишал Ким Џонг Ун.