Ким Џонг Ун му напиша писмо на претседателот на Кина: “Верувам дека овие односи ќе се развијат…“

Во писмото до претседателот на Кина, Си Џинпинг, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ветил дека ќе промовира соработка, објави во неделата севернокорејскиот државен медиум KCNA.

Писмото е одговор на честитките што Си Џинпинг ги упати по повод 75-годишнината од основањето на Северна Кореја, во која претседателот изрази подготвеност да ја зајакне стратешката комуникација и работната соработка.

Верувам дека односите на пријателство и соработка меѓу Демократската Народна Република Кореја (ДНРК) и Кина стабилно ќе се развиваат во согласност со барањата на новата ера и желбите на двата народа во иднина“, напишал Ким Џонг Ун.