Кели Убре удрен од автомобил, состојбата на кошаркарот на Филаделфија стабилна

 Кошаркарот на Филаделфија, Кели Убре, вчеравечер е удрен од автомобил, објави инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски.

Инцидентот се случил во Филаделфија, Пенсилванија во близина на домот на играчот. По инцидентот, Убре пешачел уште 300 метри до друга раскрсница, каде што го пронашле болничарите. По прегледите во болница, неговата состојба се оценува како стабилна и е пуштен на домашно лекување.

Се очекува кошаркарот да пропушти значителен број натпревари поради неговите повреди.

За 27-годишниот Убре оваа сезона беше дебито во Филаделфија. На осум натпревари тој имаше просек од 16,3 поени и 5,1 скока за 29 минути.