Се урна тунел! Затрупани 36 работници – екипи за одговор при катастрофи и полиција во Спасувачка акција

Се стравува дека најмалку 36 работници се заробени откако се урна тунел во изградба во областа Утаркаши во индиската држава Утаракханд , а операцијата за спасување е во тек.

Се очекува спасувачката операција да трае два до три дена, откако во саботата вечерта се урна тунелот во изградба, пренесува „Индија тудеј“.

Во спасувачката акција се вклучени екипи за одговор при катастрофи и полиција.