Претставник на американскиот Сенат изјави за Reuters дека кинески хакери успеале да украдат околу 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент.
Претходно оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја симнаа платформата за е-пошта на Microsoft.
Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.
„Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од овие и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.