Кинески хакери упаднале во американскиот Стејт департмент и украле 60.000 мејлови !?

Претставник на американскиот Сенат изјави за Reuters дека кинески хакери успеале да украдат околу 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент.

Претходно оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја симнаа платформата за е-пошта на Microsoft.

Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од овие и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.