Автомобилскиот гигант ги повлекува своите возила

Јапонската Toyota соопшти дека повлекува повеќе од 1,8 милиони возила RAV4 произведени помеѓу 2013 и 2018 година поради опасност од пожар.

Во соопштението се наведува дека некои заменски батерии во овие теренци не се со правилни димензии и може да се олабават и да предизвикаат пожар доколку автомобилот нагло заврти, пренесува CNN.

„Движењето може да доведе до контакт на позитивниот терминал на батеријата со стегачот за задржување на батеријата и краток спој“, се вели во соопштението на компанијата.

Јапонскиот производител на автомобили соопшти дека работи на поправка што ќе биде целосно бесплатна за сопствениците на овие возила.