Млада козметичарка од Русија паднала од карпа висока 50 метри кога сакала да направи селфи од панорамската платформа!
Според очевидци , Инеса Поленко, која имала 39 години, ја прескокнала оградата кај Гагри во Абхазија, а потоа се сопнала и паднала од карпата на плажата. Брза помош пристигнала, но Поленко им подлегнала на повредите во болница.
Инфлуенсерката објавуваше селфиа од целиот свет. Минатата година таа објави слики од Дубаи и Египет. Поленко имала клиенти главно во Москва и во големото руско одморалиште Сочи, каде што живеела.
Истрагата за околностите на нејзината смрт сè уште е во тек.
Академици во Австралија анализираа научни трудови и медиумски извештаи за повреди или смртни случаи од селфи ширум светот од 2008 година.
Истражувачите дошле до заклучок дека речиси 400 трагедии се случиле во 13-те години разгледани во студијата. Жртвите биле претежно женски туристи во раните дваесетти години, додека двете главни причини за смртта биле давење и паѓање од височина.