Козметичарка починала правејќи селфи! Невидена трагедија: Сакала атрактивна фотографија, но направила фатална грешка (ФОТО)

Млада козметичарка од Русија паднала од карпа висока 50 метри кога сакала да направи селфи од панорамската платформа!

Според очевидци , Инеса Поленко, која имала 39 години, ја прескокнала оградата кај Гагри во Абхазија, а потоа се сопнала и паднала од карпата на плажата. Брза помош пристигнала, но Поленко им подлегнала на повредите во болница.

Инеса Поленко

Инфлуенсерката објавуваше селфиа од целиот свет. Минатата година таа објави слики од Дубаи и Египет. Поленко имала клиенти главно во Москва и во големото руско одморалиште Сочи, каде што живеела.

Истрагата за околностите на нејзината смрт сè уште е во тек.

Инеса Поленко

Академици во Австралија анализираа научни трудови и медиумски извештаи за повреди или смртни случаи од селфи ширум светот од 2008 година.

Истражувачите дошле до заклучок дека речиси 400 трагедии се случиле во 13-те години разгледани во студијата. Жртвите биле претежно женски туристи во раните дваесетти години, додека двете главни причини за смртта биле давење и паѓање од височина.