Џокер се враќа посилен од било кога! Објавен е првиот трејлер за продолжението на хит филмот: Вложени се 200 милуони долари (фото/видео)

Студиото Warner Bros Pictures го објави трејлерот за вториот дел од популарниот филм „Џокер“ од 2019 година. Во долгоочекуваното продолжение „ Joker: Folie à Deux“, главната улога на Џокер ќе ја толкува Хоакин Феникс, а улогата на Харли Квин ќе и’ припадне на популарната поп пејачка Лејди Гага .

Според трејлерот, дејството на филмот започнува во истата душевна болница каде Артур Флак (Џокер) заврши на крајот на првиот дел. Таму се раѓа неговото пријателство со Харли Квин, што ќе резултира со нивно бегство од менталната институција. На трејлерот се прикажани и како шетаат по улиците на Готам придружени со песната „What the World Needs Now Is Love“ од Џеки Де Шенон, позната пејачка од шеесетите.

Како и првиот дел од „Џокер“, Тод Филис го режираше и „Joker: Folie à Deux”, но овојпат со познатиот сценарист и режисер Скоти Силвер. Она што е исто така интересно е тоа што за разлика од првиот дел на „Џокер“ (чиј буџет беше околу 60 милиони долари), во неговото продолжение беа вложени околу 200 милиони долари.

Покрај Феникс и Лејди Гага, во филмот се појавуваат и други познати лица како Зази Биц, Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофланд, Стив Куган, Кен Леунг, Хари Лавти, Ли Гил и Шерон Вашингтон.

Позитивните реакции за трејлерот ги преплавија социјалните мрежи, иако од самиот почеток имаше скептицизам кај фановите бидејќи претстојниот филм е всушност мјузикл.

Хоакин Феникс, Лејди Гага, Џокер

„Ова изгледа прекрасно. Видетр ја последната сцена со розата на стаклото“, напиша еден фан на Редит.

„Ова е всушност добар тизер. Бев скептичен за филмот, но сега навистина сакам да го гледам“, додаде друг.

,,Се обложувам дека продолжението ќе биде подобро од првиот филм. Изгледа поамбициозно и пооригинално. Исто така, фотографијата во трејлерот изгледа одлично”, напиша трет.

Премиерата на продолжението „Joker: Folie à Deux“ се очекува на 4 октомври 2024 година, точно пет години по премиерата на првиот филм.