ВИДЕО| Ја видела баба си по две недели и паднала во „транс“: Реакцијата на малото девојче го насмеа интернетот

Врската меѓу внуците и бабите и дедовците е навистина посебна, а неодамнешното вирално видео го докажува токму тоа.

Во видеото споделено на профилот на „foxnews“ на Инстаграм, едно мало девојче собра многу симпатии со својата реакција кога ја виде својата баба по две недели отсуство.

„Изненадување“, гласи описот на видеото во кое може да се види дека малото девојче целосно се воодушевило откако ја видела својата баба пред себе.

Кога нејзиниот татко ја извел на терасата каде што ја чекал очигледно омилениот човек во семејството, лицето на девојчето светнало и таа била пресреќна. Почнала да ја тапка и да мава по баба и која не била ништо помалку возбудена

За среќа, семејството имаше при рака камера за да го сними симпатичниот момент и ја објави на социјалните мрежи каде видеото набрзо стана вирално – собра повеќе од 3 милиони прегледи и речиси 90.000 лајкови.

„Таа ми го стопи срцето“

Бабите беа особено трогнати од реакцијата на девојчето.

„Ова е најскапоценото нешто“, „Јас сум нова баба и девојчето ми го стопи срцето, убава“, „Внукот идентично реагира – ова е преслатко“, напишаа тие.