Дуа Липа (27), британска пејачка со албанско потекло, го потпиша најпрофитабилниот договор со некој бренд во нејзината досегашна кариера.
Таа стана новото заштитно лице на производителот на луксузни автомобили Порше, а како што пишува Дејли Меил, пејачката за оваа соработка ќе добие еден милион долари и ново Порше.
Таа претходно сними кампања за Јагуар, а има договор и со модната куќа Версаче.
Нејзината вредност се проценува на 75 милиони фунти.
Пејачката е во врска со режисерот Ромен Гаврас (41), кој е 14 години постар од неа, а нивното прво официјално појавување беше на 76. Кански филмски фестивал.
Дуа Липа е по потекло од Косово и Метохија и секогаш го истакнува своето потекло, но често беше критикувана поради нејзините националистички испади.