КОНТРОВЕРЗНАТА АЛБАНКА СТАНА НОВО ЛИЦЕ НА ЛУКСУЗНАТА МАРКА АВТОМОБИЛИ: Покрај возилото добива и неверојатни 1.000.000 долари!

Дуа Липа (27), британска пејачка со албанско потекло, го потпиша најпрофитабилниот договор со некој бренд во нејзината досегашна кариера.

Таа стана новото заштитно лице на производителот на луксузни автомобили Порше, а како што пишува Дејли Меил, пејачката за оваа соработка ќе добие еден милион долари и ново Порше.

Таа претходно сними кампања за Јагуар, а има договор и со модната куќа Версаче.

Нејзината вредност се проценува на 75 милиони фунти.

Пејачката е во врска со режисерот Ромен Гаврас (41), кој е 14 години постар од неа, а нивното прво официјално појавување беше на 76. Кански филмски фестивал.

Дуа Липа е по потекло од Косово и Метохија и секогаш го истакнува своето потекло, но често беше критикувана поради нејзините националистички испади.