Јелена навиваше за Новак Ѓоковиќ во изгор скапа гардероба направена од волна од ангорски кози (ФОТО)

Станува збор за куќа која се занимава и со рачно изработка на вакви кардигани, а парчето на Јелена е едно од рачно изработените.

Јелена Ѓоковиќ со своите деца го бодреше Новак Ѓоковиќ за време на натпреварот за пласман во третото коло на Вимблдон, каде српскиот ас го совлада Џордан Томпсон со 3:0 .

И сопругата на Новак овој пат беше отмено облечена, но едноставните парчиња на неа апсолутно не значат дека се евтини.

Напротив.

Јелена носеше романтична наметка од посебен вид волна добиена од ангорски кози.

Наметката е од колекцијата пролет/лето на Maridrun, па штотуку излезе, а цената е 1.050 евра!

Станува збор за куќа која се занимава и со рачно изработка на вакви кардигани, а парчето на Јелена е едно од рачно изработените.

Освен наметката, Јелена носеше и парчиња скап накит, но и часовник, очила на лицето, а забележливо беше дека нема ни малку шминка, која често ја практикува.

Инаку, ангорската коза е раса која потекнува од околината на Анкара (Ангора) во Турција, а се одгледува пред се поради квалитетната коса (волна), позната како мохер.