– Премиерлигашот Манчестер јунајтед сака да го ангажира Леон Горецка. Според „Sky Sport Deutschland“, Баварците се подготвени да го пуштат Горецка доколку добијат понуда вредна меѓу 40 и 50 милиони евра.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел, не смета на 28-годишниот фудбалер за врска. Во преден план за таа позиција новата сезона му се Џошуа Кимих и Конрад Лајмер.
Манчестер јунајтед активно ја следи ситуацијата со Горецка. Се известува и дека интерес за него покажуваат уште неколку врвни клубови.
Од друга страна, Горецка не сака да го напушти Баерн, бидејќи се чувствува удобно во Минхен.
Во Бундеслигата во сезоната 2022/23, Горецка одигра 27 натпревара за Баерн, постигнувајќи три гола и две асистенции.