Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничната зона помеѓу Србија и Унгарија, објавија соседните медиуми.
Според информациите на српските медиуми, уште еден мигрант е ранет и се лекува.
Престрелката се случила надвор од населбата Хоргош, но граѓаните на тоа село се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи известуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона.