МАСАКАР ВО БЛИЗИНА НА ХОРГОШ – Тројца мигранти убиени во престрелка на границата меѓу Србија и Унгарија, еден тешко ранет

Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничната зона помеѓу Србија и Унгарија, објавија соседните медиуми.

Според информациите на српските медиуми, уште еден мигрант е ранет и се лекува.

Престрелката се случила надвор од населбата Хоргош, но граѓаните на тоа село се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи известуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона.