МВР: Уапсен 32-годишен шверцер од Штип

Министерството за внатрешни работи соопштува дека, по оперативни мерки и дејствија, полициски службеници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје го привеле 32-годишниот Б.М од град Штип.

При рацијата во неговата куќа во Штип, извршена по наредба на надлежен обвинител, пронајдени и одземени се прашкасти материјали, поголема сума пари и дигитална вага.

Лицето е приведено во полициска станица и во текот на денот ќе биде предадено на судија за понатамошни дејствија со кривична пријава“, соопштија од полицијата.