Меланија Трамп вчера уште еднаш на дело покажа зошто важи за една од најдобро облечените први дами досега.
Таа вчера заедно со сопругот се појави на собирање средства, а нејзиниот аутфит ги воодушеви сите оние кои сакаат цветни дезени и комбинезони.
Меланија носеше розов комбинезон „valentino“, со долги ракави и нозе. Со широк и лелеав крој, со ремен за истакнување на половината, одлично и прилегаше.
Поранешната прва дама ја собра косата во пунџа, а шминката беше многу ефикасна.
Она што сите го забележаа, покрај нејзината совршена облека, беа изразите на лицето кои ги правеше Меланија.
Имено, таа во неколку наврати изгледаше нервозно и незадоволно, а многумина коментираа дека изгледа како да едвај чека да заврши настанот.
„Воопшто не изгледа среќно“, „Меланија, ако те киднапирале, трепни двапати“, беа само дел од коментарите.