Меланија Трамп блеска во НАЈУБАВИОТ ПРОЛЕТЕН КОМБИНЕЗОН кој буквално го одзема здивот: Сите го коментираат нејзиното лице на НЕЗАДОВОЛСТВО: „Ако си киднапирана, трепни двапати“

Меланија Трамп вчера уште еднаш на дело покажа зошто важи за една од најдобро облечените први дами досега.

Таа вчера заедно со сопругот се појави на собирање средства, а нејзиниот аутфит ги воодушеви сите оние кои сакаат цветни дезени и комбинезони.

Меланија носеше розов комбинезон „valentino“, со долги ракави и нозе. Со широк и лелеав крој, со ремен за истакнување на половината, одлично и прилегаше.

Поранешната прва дама ја собра косата во пунџа, а шминката беше многу ефикасна.

Она што сите го забележаа, покрај нејзината совршена облека, беа изразите на лицето кои ги правеше Меланија.

Имено, таа во неколку наврати изгледаше нервозно и незадоволно, а многумина коментираа дека изгледа како да едвај чека да заврши настанот.

„Воопшто не изгледа среќно“, „Меланија, ако те киднапирале, трепни двапати“, беа само дел од коментарите.