Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел каде се сретна со лидерите на земјите од ЕУ. Во средата беше во Франција, а претходно во Лондон.
Тој отиде на европска турнеја за да обезбеди континуирана поддршка во борбата против рускиот агресор, повеќе оружје и борбени авиони.
По неговото пристигнување во Брисел, лидерите на ЕУ го поздравија со громогласен аплауз и овации. Сите аплаудираа, освен унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Погледнете како изгледаше во приложеното видео.