Можете ли да погодите кој беше единствениот што не го пречека Зеленски во Брисел со аплауз? (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел каде се сретна со лидерите на земјите од ЕУ. Во средата беше во Франција, а претходно во Лондон.

Тој отиде на европска турнеја за да обезбеди континуирана поддршка во борбата против рускиот агресор, повеќе оружје и борбени авиони.

По неговото пристигнување во Брисел, лидерите на ЕУ го поздравија со громогласен аплауз и овации. Сите аплаудираа, освен унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Погледнете како изгледаше во приложеното видео.