СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничката структура

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатите од изборите на 8 мај се уште не се решени, велат од СДСМ.

„Со правото можеме да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и ќе доведат до нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничката структура на нашето општество. Тензиите што сега избувнуваат меѓу Македонците и Албанците може да не вратат во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, велат од СДСМ.