Затвореници подметнале пожар во затвор! Тројца мртви, 16 повредени: Откриена дупката што ја ископале за да избегаат

Тројца затвореници погинаа, а 16 се повредени во пожар што го подметнаа затвореници во либанскиот затвор Захле, јави државната новинска агенција NNА.

Затворениците запалиле мебел и се обиделе да држат двајца полицајци како заложници во немирите кои започнале откако рутинската проверка открила дупка ископана од затворениците кои се обидувале да избегаат, пренесува Ројтерс.

– Пожарот и бунтот се под контрола – изјавил за британската агенција неименуван безбедносен извор.