ОВИЕ СНИМКИ НАЈДОБРО ГИ ОПИШУВААТ СИТЕ УЖАСИ КОИ ГИ ДОНЕСЕ НЕВРЕМЕТО ВО СРБИЈА(ФОТО/ВИДЕО)

Голем град и бурни ветрови предизвикаа големи штети на места низ Србија.

Србија вчера повторно ја зафати силно невреме со врнежи, грмежи и силен ветер.

Давор Видовиќ, помошник началник на Управата за противпожарни и спасувачки единици, за РТС изјави дека досега е прогласена вонредна состојба во седум градови и општини.

– Две вонредни ситуации на територијата на целиот град – Нови Сад и Сремска Митровица и на територијата на четири општини – Шид, Рума, Ириг, Сечањ и на дел од територијата на општина Пожега – додава Видовиќ .

Посочува дека пожарникарите изминатите денови реагирале 495 пати, како и дека биле ангажирани вкупно 1.186 пожарникари со 454 возила, како и 172 припадници на доброволни противпожарни единици.

– Најголем дел од интервенциите беа отстранување на паднати дрвја, делови од фасадата и одреден број пожари кои настанаа како резултат на удари од гром – додава Видовиќ.

На социјалните мрежи луѓето објавуваат фотографии и видеа на кои се гледаат ужасните последици од невремето што зафати голем дел од Србија. Снимките пристигнуваат од Краљево, Зајечар, Бачка Паланка…