Приведен разбојник, дел од одземено е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката 

– Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир вчера го лишиле од слобода Р.Б.(74) од Скопје.  

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во текот на денот убедил тројца малолетници од Шуто Оризари да извршат разбојништво врз Ф.П. во нејзиниот дом, при што одзеле пари.

-Имено, тој со возило ги однел децата до куќата и им посочил како да го извршат делото. Откако го сториле делото парите ги поделиле, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.